Во Сан Диего уличните светилки ви кажуваат каде има слободно паркинг место

- Advertisement -

Во Сан Диего, САД се имплементира програма со која на уличните светилки се инсталираат паметни сензори кои ќе следат и ќе собираат податоци за сообраќајот и ќе се грижат за јавната безбедност. Во рамките на програмата ќе се инсталираат 3.200 вакви сензори, а се очекува имплементацијата да заврши до крајот на годинава, пишува Fox.

Светилките користат податоци од сензорите во реално време за да ги насочуваат возачите до слободни паркинг места, да им помогнат на возилата од итните медицински служби во случај на незгода, да ја следат состојбата со јаглерод диоксидот во воздухот, да ги идентификуваат крстосниците кои можат да се направат побезбедни за пешаците и за велосипедистите. Информациите потоа од сензорите може да ги искористат девелоперите за да креираат апликации и софтвер кој ќе го направи градот ушпте побезбеден и попаметен.

Светилките можат да бидат толку паметни затоа што преку безжична конекција се поврзани на облак и со меѓусебе и вршат размена на податоците. Градот Сан Диего ќе потроши околу 30 милиони долари на паметна инфраструктура, а оваа програма е само почеток.

Сподели!
- Advertisement -