The World е архипелаг од 300 острови во Дубаи, чија изведба веќе 10 години е во мирување. Но, сега повторно стартуваше изградбата. The World беше осмислен во 2003 година и се проектираше дека ќе бидат потребни 320 милиони кубни метри песок и 25 милиони метрички тони камен. Последните работи беа завршени во 2008 година, пишува Inhabitat.
Проектот се протега на повеќе од 5.000 хектари. Сега изградбата продолжува. Компанијата за недвижности Kleindienst на шест од островите во Дубаи ќе го гради комплексот хотели The Heart of Europe, при што секој остров ќе биде изграден во стилот на некоја од најубавите локации во Европа. Швајцарски планински куќи, австриски замоци и руски палати се дел од планираните градби. Изградбата треба да биде готова до Expo 2020 во Дубаи.
Другите сопственици на острови се чини се инспирирани од Kleindienst. Комапанијата Seven Tides планира да го доврши ресортот од 100 вили на еден од десетте острови кои ги поседуваат до крајот на годинава. Актерката Линдзи Лохан, пак, исто така ќе дизајнира остров во The World.