Digi-Tree, еко иницијатива за сите пост пејд корисници на Мојот А1

- Advertisement -

Разговор со Хамза Ејупи, онлајн продукт специјалист во А1 Македонија

Неодамна А1 Македонија ја промовираше најновата еко – иницијатива, Digi-Tree со  цел да ги поттикне дигиталните активности од страна на корисниците и со тоа да даде придонес кон подобрување на животната средина. Што претставува Digi-Tree? 

Digi Tree е иницијатива со која сакаме да ги информираме нашите корисници за можноста и бенефитите при користење на дигиталните канали, со што директно ќе имаат импакт врз подобрување на животната средина со растење на дигитално дрво кое  потоа ќе стане вистинско со засадување од страна на А1 Македонија, а во име на своите корисници.

Како функционира Digi Tree?

- Advertisement -

Digi Tree е опција која на корисниците им овозможува во апликацијата Мојот А1 да растат дигитално дрво со правење на одредени активности и тоа, Онлајн склучување или обнова на договор за фиксни или мобилни услуг, активирање на еSIM картичка, враќање на стар телефон за рециклирање во А1 салон, онлајн надополнување на припејд кредит од постпејд број и онлајн плаќање на месечна сметка.

Со Онлајн склучување или обнова на договорна секоја мобилна или фиксна мобилна линија, како и со активирање на еSIM, корисниците нивното дигитално дрво ќе го пораснат по 20%. Со враќање на секој стар телефон во салоните на А1 Македонија, корисницте ќе добиваат по 10% во нивното дигитално дрво, додека со онлајн надополнување на припејд кредит од постпејд број и со плаќање на сметки онлајн, корисниците ќе добиваат по 5%. Откако дрвото ќе достигне до 100%, во апликацијата ќе се промени статусот на дрвото во подготвено за садење и ќе чека да биде засадено, а корисникот ќе може да започне со растење на  ново дигитално дрво. Откако дрвото ќе биде засадено ќе се смени статус и корисникот ќе може да го види дрвото во делот на засадени дрва. На овој начин корисникот континуирано ќе има евиденција колку дрва досега се засадени во негово име, а колку чекаат да бидат засадени.

- Advertisement -

Кој може да биде дел од оваа активност?

Дел од активноста можат да бидат сите постоечки и нови постпејд корисници кои ќе ја инсталираат последната верзија од апликацијата Мојот А1. Кај овие корисници автоматски ќе се појави Digi Tree и со правње на активностите погоре дрвото автоматски и ќе расте.

- Advertisement -

Што добиваат корисниците?

Освен сатисфакцијата дека допринесуваат за подобра животна средина, корисниците ќе имаат можност да заштедат време со правење на било кој тип на дигитална трансакција, како и да ги користат придобивките од склучување на договор онлајн бидејќи ние континуирано имаме онлајн попусти на различни видови на хардвер.

Дали постои краен рок за креирање/пополнување на дрвото?

Ограчничување со времен рок нема, корисникот може да го расте Digi Tree се додека е корисник на А1 Македонија, а исто така нема ограничување за тоа колку дрва може да расте во текот на годината.

Каде ќе бидат засадени дрвата во име на корисниците?

Активноста со садење дрва, би сакале да се одржува 2 пати годишно, на пролет и на есен.  Дрвата ќе бидат засадени на различни локации во Макеоднија каде што има потреба од садење на истите, а се со цел сите ние да имаме почиста и поздрава околина за живеење.

Сподели!
- Advertisement -