Бизарни проблеми: вработените во новото седиште на Apple постојано се удираат во стаклените ѕидови и врати!

- Advertisement -

Вработените во Apple со нетрпение го очекуваа вселувањето во новото седиште, кое многумина го нарекуваат архитектонско ремек-дело и вселенски брод, на чиј дизајн работеше и Стив Џобс. Една од препознатливите карактеристики на седиштето се големите стаклени површини и бројните стаклени ѕидови и врати во внатрешноста на зградата, кои се така направени за да се нагласи отвореноста и поврзаноста. Сепак, и покрај милијардите вложени во Apple Park, архитектите не мислеле на една битна работа – опасноста од судирање на луѓето во ѕидовите, особено затоа што се работи за вработени во ИТ компанија чии погледи често се приковани за екранот од телефонот.

Имено, после години работа во класични згради и канцеларии со видливи ѕидови и врати, вработените во компанијата одеднаш се најдоа во целосно нов простор опкружени со стакло на кое треба да се привикнат. Се чини дека тоа привикнување ќе биде малку потешко затоа што, според информациите на медиумите, веќе првиот ден седуммина се здобиле со сериозни повреди. Двајца дури добиле и исеченици по главата, па морала да интервенира прва помош.

- Advertisement -

Од Apple не сакаат да зборуваат за овие неочекувани проблеми н нивните вработени и не е познато колку стакло досега е скршено и колкумина се повредени. За да го решат овој проблем и да спречат нови повреди вработените одлучиле да лепат пораки на ѕидовите и вратите како предупредување. Значи по 5 милијарди долари инвестирани во изградбата на новото седиште преполно со најнова технологија, проблемите се решаваат со обични лепенки.

Според американскиот Закон за труд, работодавецот е обврзан да ги заштити своите вработени од ситуации во кои може да удрат или да поминат низ стаклени прегради со поставување видливи ознаки. Иако во јавноста се појавија некои информации дека Apple може да биде казнет за овој проблем, се чини дека од тоа нема ништо затоа што досега ниеден вакво случај не е пријавен.

Сподели!
- Advertisement -