Организацискиот тим на една од најголемите маркетинг конференции во југоисточна Европа, Spark.me која ќе се одржи на 26 и 27 мај во Будва, Црна Гора (со серија специјализирани обуки закажани за 25 мај), го отвори повикот за пријавување за натпреварот за официјални блогери на конференцијата. Важно е да се напомене дека блогерите не се ограничени само на текстуален формат, туку можат да користат и звучни записи како подкаст и видео записи како влог.
Сѐ што е потребно за да може блогерот да се пријави за натпреварот е да напише блог пост, да објави влог или подкаст на темата „Зошто сакам да учествувам на конференцијата Spark.me 2018?“, да го сподели на социјалните мрежи со хаштагот #SparkMe, да го тагира официјалниот профил на конференцијата и да пополни пријава на линкот http://spark.me/2018/ambassadors/ Рокот за пријавување е 2 март. Листата со официјални блогери ќе биде објавен на 16 март на веб страницата на конференцијата Spark.me.
Официјалниот блогер ќе добие бесплатна карта за двата дена на конференцијата, четири ноќевања во хотелот со четири ѕвездички „Медитеран“ (каде се одржува конференцијата), како и крстарење по заливот на Бока Которска кое се организира за предавачите и партнерите на Spark.me конференцијата. Обврската на официјалниот блогер е да објави два блог поста (влог или подкаст) на тема Spark.me конференција до 16 мај, еден блог пост во текот на конференцијата и еден по завршувањето на истата.
Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на двајца овогодишни говорници – се работи за Марк Шејфер, еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните мрежи кој своето знаење и искуство ги споделува на еден од петте најпосетени блогови за маркетинг во светот – {grow}, како и Кери О’Шеј Горгон, директорка за стратегии во MarketingProfs, водечки извор на информации за повеќе од 600 000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на подкастот Marketing Smarts.
Во наредниов период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.
Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.
Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.
Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците припреми и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.
Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.
За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.