CEED Македонија најави обука за бизнис ангели во соработка со Швајцарскиот клуб на бизнис ангели

- Advertisement -

CEED Македонија најави дека ќе се одржи дводневен настан со Арон Браун кој е бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели кој ќе се одржи на 12 и 13 март. Настанот ќе опфаќа специјализирана обука за бизнис ангели и pitching на бизнис идеи, а истиот ќе се одржи во просториите на CEED Македонија и CEED Hub Скопје.

- Advertisement -

Арон Браун е активен член на Швајцарскиот клуб на бизнис ангели уште од 2005 година и на обуката ќе го претстави своето искуство како бизнис ангел, ќе зборува за придобивките од тоа да се биде бизнис ангел и зошто треба да се инвестира во добри бизнис идеи.

Дводневната обука е дел од програмата на CEED Клубот на бизнис ангели кој постои од 2013 година и е еден од првите клубови од ваков вид во Македонија. Од 2016 година е дел од Европската мрежа на бизнис ангели и моментално има шеснаесет членови кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси доколку увидат дека постои потенцијал за раст и иновации.

- Advertisement -

Сите коишто се заинтересирани за обуката можат да се пријават на следниов е-маил: bramljak@ceed-macedonia.org или на бројот 076 496 616.

 

Сподели!
- Advertisement -