Facebook вработува луѓе чија задача е да проверат дали јавноста го сака Цукерберг

- Advertisement -

Тевис Мекгин минатата година аплицирал за работа во Facebook со надеж дека ќе го примат во одделот ѕа истражување на паѕарот. Претходно 3 години имал работено во Google. Но, на половина од интервјуто му кажале дека имаат други планови за него – требало да следи како јавноста го перципира Цукерберг.

Било април, а Facebook се нашол на удар по претседателските избори во САД. Цукерберг организираше тура ниѕ земјата налик на политичка кампања за да покаже дека Facebook нема никаква врска со реѕултатите од иѕборите. Мекгин требало да спроведува истражување на мислењето за Цукерберг и да ги следи промените од минута во минута.

- Advertisement -

„Беше многу необична работа. Требаше да правам истражувања и да изберам фокус групи на глобално ниво за да разберам зошто луѓето го сакаат или не го сакаат Цукерберг, дали му веруваат и дали слушнале воопшто за него. Тоа особено се однесува на луѓето надвор од САД“ вели Мекгин.

Мекгин исто така истражувал дали на луѓето им се допаѓаат говорите на Цукерберг, неговите интервјуа за печат, неговите објави на Facebook итн. Facebook му дал задача да навлезе длабински во перцепцијата за Цукерберг. На пример, ако Цукерберг држи говор и зборува за имиграцијата, здравството и пристапот до образование, Мекгин ги следел реакциите на сите тие теми кај различна публика во САД.
Освен Цукерберг, Мекгин спроведувал слични истражувања и за главниот оперативен директор на компанијата во тој период, Шерил Сендберг.

- Advertisement -

Facebook не е единствена компанија која врши истражувања на перцепцијата за брендот. Понекогаш тие истражувања вклучуваат прашања за основачите и за извршните директори. На пример, во екот на кризата Uber истражуваше што мислат корисниците за брендот и за бившиот извршен директор Тревис Каланик. Но, невообичаено е да има вработени чија работа ќе биде исклучиво тоа. Следењето на перцепцијата на Цукерберг кај јавноста почна пред 2 години. Од компанијата не коментираат за улогата на Мекгин иако тој повеќе не работи таму.

Сподели!
- Advertisement -