Германската компанијата „ВИК“ во Прилеп ќе произведува кафемати

- Advertisement -

Потпишан договор со германската компанија „ВИК“, која во индустриската зона во Прилеп и ќе произведува кафемати. Почетната инвестиција е шест милиони евра и 60 вработени.

По Кина и Индонезија, Македонија е третата дестинација во која „ВИК“ отвора производствен погон со почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 работни места. За следните пет години, планирано е инвестицијата да се зголеми на 12 милиони евра и 1.000 нови вработувања.

Компанијата ќе добие помош согласно законот за ТИРЗ, но и помош предвидена со новите мерки од планот за економски раст. А тоа значи ослободување од данокот на добивка, персоналниот данок, царински давачки, но не и ослободување од социјалните придонеси, кое претходната влада го користела како дискреционо право. Со новите мерки, компанијата ќе има право на поврат на 10 проценти од инвестициите и 10 проценти ако освојат нови пазари. За отворање на секое работно место со нето-плата од 18.000 денари тие ќе можат да направат поврат 20 проценти од средствата“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев,.

- Advertisement -

Директорот на „ВИК Македонија“, Хелмут Румлер, рече дека освен што ќе произведуваат и ќе користат локални производи и работна сила, тие ќе се грижат и за животната средина и струја за производство ќе користат преку фотоволтаици.

 

Сподели!
- Advertisement -