Загрејте го домот со помош на рециклирани батерии од лаптоп

- Advertisement -

Зошто да потрошите илјадници долари на батериите на Илон Маск, Tesla Powerwall, кога можете да си направите свои батерии за само незначителен дел од таа сума? Ова е прашањето што си го поставуваат многу ентузијасти за алтернативна енергија и доведе до тоа многумина да почнат да развиваат свои верзии на батерија со рециклирани батерии од лаптоп. Начинот на правење на батериите бесплатно се споделува онлајн, па сега има неколку верзии на батеријата на Tesla кои складираат повеќе енергија од неа.

На Facebook, YouTube и по форуми луѓето учат како безбедно да направат вакви батерии. Еден од најпопуларните креатори на такви батерии е Џеху Гарсија, кој вели дека овие батерии се иднината – чисто, едноставно, ефикасно и моќно решение. Џо Вилијамс е друг креатор на батерија кој вели дека крајната цел не е само да можете да се потпрете на нешто што сте го направиле самите, туку и да научите како доаѓа и како се троши енергијата во вашиот дом.

- Advertisement -

На францускиот форум Diypowerwalls.com корисникот Glubux тврди дека неговиот Pwerwall може да складира 28 kWh енергија. Тоа му е доволно за целиот дом, а во текот на летото му останува вишок енергија, па купил дополнителни уреди за да ја потроши.

- Advertisement -

Австралискиот креатор на видеа за YouTube, Питер Метјуз тврди дека направил џиновска батерија која може да складира дури 40 kWh собрана од 40 соларни панели на кровот на домот на Метјуз. Единственото нешто за што не ја користи струјата се големите клима-уреди и системот за греење вода.

Наголем дел од хобистите за powerwall препорачуваат да се користат 18650 литиум-јонски батерии за проектите. Батериите вообичаено се ставени во обоена пластика и ги има во електронски уреди како лаптопи. Доколку ги барате онлајн или од продавница за компјутери, батериите ќе ве чинат повеќе од 5 долари парче, а доколку ги набавите од користени уреди можете да заштедите стотици долари.

- Advertisement -

Друг позитивен тренд од правењето вакви батерии е намалувањето на електронскиот отпад. Според Карл Смит, извршен директор и претседател во Call2Recycle, речиси 95% од батериите кои се продаваат во САД не се рециклираат и се фрлаат. Иако може да ви одземе време додека најдете батерии на старо, вреди да се потрудите и доколку внимателно ги следите инструкциите, минимален е ризикот да ја запалите сопствената куќа доколку не сте работеле со електроника.

Сподели!
- Advertisement -