Airbnb инвестира во технологија за спречување трговија со луѓе во апартманите кои ги издава

- Advertisement -

Американската дигитална платформа за изнајмување на соба или апартман Airbnb најави во понеделникот дека ќе инвестира во нова технологија со цел да превенира модерно ропство со оглед на тоа дека криминалците се обидуваат да искористат изнајмени простори за сексуална експлоатација на ранливи девојки и жени.

Како што пишува Poslovni Dnenvik, Airbnb склучиле соработка со активистите од Polaris, здружение за борба против трговија со луѓе, со кои заедно ќе развиваат систем и ќе соработуваат со полицијата со цел детектирање на знаци на трговија со луѓе и спречување на овој вид криминал.

- Advertisement -

Компанијата, чија вредност се проценува на околу 31 милијарда долари, се вклучува поинтензивно во искоренувањето на модерното ропство во секторот на угостителството и туризмот. Основана во 2008 година и присутна во речиси сите земји во светот, Airbnb нуди повеќе од 260 милиони куќи и соби за изнајмување.

„Се одлучивме за модерен пристап во борбата против модерното ропство, користејќи иновации за економија на споделување со кои подобро ќе детектираме и на време ќе спречиме потенцијална експлоатација“ изјави Ник Шапиро, раководител на одделот за управување со ризици во Airbnb.

- Advertisement -

Тие ќе ја поврзат својата анализа на ризик која го проверува секој оној кој дава под наем простор преку платформата и оној кој изнајмува со податоците и сознанијата на Polaris. Иницијативата на Airbnb се надоврзува на сличниот потег на Uber, кои минатиот месец објавија дека ќе ги обучуваат своите возачи во САД да детектираат трговци со луѓе и жртви меѓу клиентите.

„Економијата на споделување и компаниите како Airbnb нудат можности за подигнување на борбата против трговијата со луѓе на ново ниво“ изјавија од Polaris.

- Advertisement -

Од Меѓународната организација на трудот и Здружението за човекови права Walk Free Foundation проценуваат дека во 2016 година 25 милиони луѓе ширум светот биле жртва на присилна работа или сексуална експлоатација.

Сподели!
- Advertisement -