Денеска тркалезна маса за соработка на странските инвеститори и локалните добавувачи

- Advertisement -

 Соработката меѓу странските компании и локалните добавувачи ќе се подобрува преку проект што ќе го спроведат Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За можностите за зголемување на соработката денеска Советот на странски инвеститори организира тркалезна маса во Стопанската комора на Македонија.

- Advertisement -

Со двегодишниот проект ќе се подобрува работењето на одредени локални компании за да се зголемат конкурентноста и капацитетите за подобра соработка со странските инвеститори во државава, за тие да можат да бидат вклучени во системот на добавување.

Проектот е финансиран од фондови на Европската унија во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со Виенскиот универзитет за технологија – Институт за менаџмент во науката, со поддршка на Владата на Република Македонија.

- Advertisement -

На тркалезната маса е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, деканот на Машинскиот факлултет Скопје проф. д-р Дарко Данев, како и проф. д-р Роберт Миновски, водечки партнер и професор на Машинскиот факултет во Скопје.
МИА

Сподели!
- Advertisement -