- Advertisement -
Граѓаните на Центар ќе можат да пријавуваат комунални проблеми во општината преку СМС-порака или на Вибер на телефонскиот број 076-313-387.
„Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно.“, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.
- Advertisement -
Од општината информираат дека во четврток 22 февруари ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Од општина Центар ги повикуваат жителите од 08:00 до 13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот да ги изнесат и да ги остават пред влезовите на зградите.
- Advertisement -