Оваа обратна микробранова печка може да замрзне пијалаци и храна за неколку минути

- Advertisement -

Aко една микробранова печка може да излади едно пиво кое стоело на собна температура до 2 степени Целзиусови за само 6 минути, дали тоа сепак е микробранова печка? Па, оваа печка секако е микробранова. Frigondas е нов уред кој изгледа како микрoбранова печка, па дури и ја загрева храната како микробранова. Но, доколку притиснете едно копче, Frigondas се претвора во најладниот фрижидер и за неколку минути ќе имате совршено изладено пиво или сок, пишува Reviewed.

Frigondas е дизајнирана од инженери во Шпанија, а изградена во Кореја. Името е изведенка од шпанските зборови за фрижидер и микробранова печка – frigorífico и microondas. Патентираниот кујнски уред е совршена комбинација од традиционална микробранова печка и ултрабрз фрижидер. Frigondas може да замрзне свежо овошје и зеленчук за само 6 минути, за што кај традиционалeн фрижидер се потребни час и половина. Коцки мраз се прават за 12 минути.

- Advertisement -

Frigondas уште не се продава, а компанијата нема ни официјална веб страница, но се очекуав да чини околу 1.000 долари. Дизајнерите веќе работат на тоа да ја акредитираат за пазарот во САД и да најдат дистрибутер кој ќе ја продава.

Сподели!
- Advertisement -