Samsung патентираше дрон кој може да се управува со очи

- Advertisement -

Samsung патентираше дрон со интегриран екран кој може да ги детектира лицето и очите на луѓето, како и нивната позиција и движењата на рацете, пренесува Klix.ba. Патентот претставува дрон со екран во централниот дел и четири пропелери, по еден во секој агол, а во описот се наведува дека има и камера и опсервациски систем за пренос на информации до главна контролна единица.

Системот може да ги следи очите, главата, рацете и прстите на корисниците. Брзината и насоката на движење на дронот може да се контролираат со движења со главата, рацете или очите, а дронот може автоматски да ги следи корисниците без никави дополнителни движења.

- Advertisement -

Дронот не е ограничен на само 4 пропелери и неговиот облик може да се менува. Може да има и жироскоп, сензор за движење, вибрациски систем и/или акцелерометар, можност за пропознавање на глас, како и систем за позиционирање базиран на GPS и WiFi.

 

Сподели!
- Advertisement -