Истанбулска компанија го развива првиот самоуправувачки автомобил во Турција

- Advertisement -

Компанија АВЛ чие седиште е во Истанбул, има намера до 2020 година да почне со тестирања на својот прв автомобил без возач, објави весникот „Дејли сабах”.

На новото хибридно возило работат турски инженери, а директорот на компанијата, Умут Генч соопшти дека првото претставување на самоуправувачкиот автомобил ќе се случи догодина.

„Целта е таа технологија да биде што подобро прилагодена кон условите на турскиот мегалополис.“ , објаснува Генч.

- Advertisement -

Истанбул инаку, е познат по густиот сообраќај и невнимателното возење, така што конструкцијата на вакво автономно возило може да биде сериозен предизвик.

Сподели!
- Advertisement -