Овој стартап за 3Д печатење им помага на ортодонтите да прават евтини протези за заби

- Advertisement -

ArchForm е стартап поддржан од инкубаторот Y Combinator кој прави софтвер за исправување на забите, кој на ортодонтите им помага да креираат и да испечатат протези во сопствените канцеларии. Идејата е на ортодонтите да им се обезбеди начин да конкурираат на некои стартапи кои произведуваат протези за крајните корисници.

Цената на протезите за исправување на забите – било да се фиксни или не – е различна, но во секој случај е прилично висока. Притоа, цените се различни за исправување на забите кај адолесценти и кај возрасни. Пазарот за ортодонција „тежел“ 11 милијарди долари минатата година, според аналитичката куќа IBISWorld.

- Advertisement -

ArchForm се обидува да ја искористи популарноста на пазарот за 3Д печатење и да им помогне на ортодонтите сами да печатат протези во сопствените канцеларии, пишува TechCrunch. Ортодонтите моментално плаќаат големи суми на компаниите кои ги снабдуваат со протези, па токму затоа мора да ја покачат цената за крајните корисници. За споредба, ArchForm на ортодонтите им наплаќа само 50 долари по пациент.

„Бев инспириран да ја основам компанијата затоа што работев во ортодонтската амбуланта на татко ми. Видов дека 3Д печатачите стекнуваат голема популарност, доволно за да може да се користат и во ортодонтски амбулатни, а од моето искуство знаев дека на ортодонтите им е потребен софтвер кој лесно ќе го користат за исправување на забите и со кој сами ќе може да ги направат протезите“ вели основачот на ArchForm, Ендрју Марц.

- Advertisement -

Во текот на изминатите неколку години се појавија повеќе стартапи кои прават протези за исправување на забите како што се SmileDirectClub, Uniform Teeth, Candid и Orthly. Ниеден од овие стартапи не е сличен на некој друг, но сите имаат за цел да се намали цената на протезите, како и бројот на посети кај ортодонт додека да се добијат протези. ArchForm има поинаков пристап затоа што на малите локални бизниси им овозможува да бидат конкурентни на пазарот.

Според корисничката база на ArchForm, 75% од ортодонтите кои се пријавуваат за користење на софтверот веќе поседуваат 3Д принтер. Ортодонтите кои нема да сакаат да купат 3Д принтер можат да ги испраќаат дизајните до ортодонтски лаборатории кои имаат 3Д принтер и работат со софтверот на ArchForm.

Сподели!
- Advertisement -