Хрватските компании добиваат можност да се вклучат во работата на Европската вселенска агенција

- Advertisement -

Компании со седиште во Хрватска, од 2023 година ќе можат за првпат да конкурираат на јавни огласи за испорака на опрема за идните мисии на Европската вселенска агенција, пишува Poslovni Dnevnik.

Буџетот на агенцијата за 2018 година изнесува 5,6 милијарда евра од кои 85% одат директно до компании од земјите членки кои преку конкурсите се натпреваруваат за изработка на специјализирани материјали за сателити, облека за астронаути, електроника, роботика, телекомуникациска опрема, софтвер итн. Хрватска на почетокот на неделава потпиша договор со агенцијата со кој започнува предпристани договори.

Доколку Хрватска ги исполни предусловите, од 2023 година ќе може да се придружи, а подоцна да стане и полноправен член на агенцијата. Договорот го потпишала хрватската министерка за наука, Блаженка Дивјак, а присутни биле и директорката на Секторот за индустрија и IT на хрватската стопанска комора, Тајана Кесиќ Шапиќ.

- Advertisement -

Иако агенцијата е главно заинтересирана за јакнење на научните капацитети со кои Хрватска би имала удел во вселенските мисии, ќе ја поттикне и економската соработка и ќе ја зајакне националната индустрија.

„Се надевам дека договорот кој го потпишуваме на денот на роденденот на Никола Коперник ќе донесе коперников пресврт во односот на науката со стопанството.“, изјавил Дивјак.

- Advertisement -

 

И хрватската домашна индустрија веќе покажала интерес. Минатата недела е основано здружението Adriatic Aerospace Association чиј коосновач е загрепската софтверска фирма Amphinicy Technologies. Се работи за компанија чиј софтвер за преземање податоци од сателитот Blink го прави тоа 20 пати побргу отколку решенијата кои ги има НАСА.

- Advertisement -

Мирта Меданиќ, програмски менаџер во компанијата изјавила дека тие се веќе подготвени за конкурирање на огласите на Европската вселенска агенција.

„Во првата фаза, најголема корист од агенцијата ќе имаат научните индустрии, а ние преку новото здружение кое претставува зачеток на Хрватската вселенска агенција сме подготвени веќе и за втората фаза и веруваме дека ќе станеме членка на Европската вселенска агенција од 2023 година.“, изјавила Меданиќ.

Сподели!
- Advertisement -