УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување годишна даночна пријава

- Advertisement -

Со цел доближување на услугите до даночните обврзници и избегнување на метежите, покрај шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје (ул. 11 Октомври број 27 / спроти Даре Џамбаз), Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава и тоа на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ), општина Ѓорче Петров во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица), општина Бутел во општинската зграда, општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и општина Аеродром, во општинската зграда на втори кат.

На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат пополнетата Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход ( http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во Мобилните даночни шалтери на УЈП ( http://kontaktcentar.ujp.gov.mk).

- Advertisement -

Заклучно со 22 февруари во УЈП се поднесени вкупно 85.031 годишни даночни пријави, а се очекува да се поднесат над 400 илјади даночни пријави до истекот на крајниот рок на 15 март.

Сподели!
- Advertisement -