Од 26 февруари почнува четврттиот Code App Level Up семинар за кодирање

- Advertisement -

EESTEC LC Skopje и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство – Скопје со гордост Ви го најавуваат четврттото издание на интернационалната работилница “Code App, Level Up”.

Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер.
Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката „Општествено одговорни веб страни”, каде би можеле Вашето знаење да го проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате Вашата тимска идеја за време на работилниците.

Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при вашите потешкотии во реализацијата на веб страната.

- Advertisement -

На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:

– Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.
– Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се:ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави ширум Европа и 23 студенти од Техничкиот Кампус при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

- Advertisement -

Настанот е поддржан и од Фондот за иновации и технолошки развој.

Сподели!
- Advertisement -