Новиот македонски стартап Blokverse овозможува дигитално издавање на образовни сертификати

- Advertisement -

Blokverse е македонски стартап кој започна да работи неодамна. Станува збор за спин-оф компанијата на Netcetera групацијата и се фокусира на изработка на решенија кои ќе ја вклучуваат т.н. distributed ledger technology (DLT).

Стартапот има за цел да овозможи пристап на секој издавач на образовни сертификати до Attainr платформата каде ќе може дигитално да ги издаде истите на начин што е безбеден и заштитен од злоупотреби.
Сертификатите се запишуваат на блокчеин мрежа каде што секое запишување мора прво да помине верификација од другите членови на мрежата. Членови на мрежата ќе бидат само припадници на други издавачи, односно проверени членови.
„Откако сертификатите ќе се издадат преку мрежата, оној кој ги прима станува нивен сопственик и понатаму може да ги споделува на социјални мрежи или да ги стави во CV. Со ова всушност го решаваме проблемот на губење на сертификати, односно корисникот не мора повторно да аплицира и да плаќа за да ги добие. Исто така и во случај кога издавачот на сертификатот престанал да постои, на примачот повторно ќе му биде достапен сертификатот и истиот ќе има важност.“, вели Владимир Симјановски, ко-основач на Blokverse.
Blokverse преку своето решение дава придонес кон доживотното образование кое е клучен сегмент на модерното образование.
Netcetera Македонија е дел од Netcetera групацијата со седиште во Швајцарија. Компанијата е специјализирана во развој на софтвер и ИТ операции, пред се фокусирани на финансискиот сектор. Креираат сервиси и продукти од областа на secure payments, мобилно банкарство, финансиски технологии и друго
Сподели!
- Advertisement -