Паметните телефони уште не се доволно развиени нути направени за екстремно ниски температури. Силниот студ влијае на разни делови од уредот и на нивната функција кко батериите и екранот осетлив на допир и така го оневозможува нивното користење, пренесува Poslovni Dnevnik.
Ова се седум начини како да го зачувате телефонот од голем студ.
1. Користете го само кога навистина морате
Кога има студена зима добро е телефонот да го ставите во џеб во близина на телото затоа што топлината од телото и него ќе го загрева. Не го вадете уредот од џебот ако не ви е неопходен.
2. Заштитете го
Колку подобра, поцврста и поквалитетна заштитна маска толку подобра заштита од прскање и студ. Ова не е идеална заштита од студот затоа што со тек на време ниските температури сепак влијаат на уредот. Користете маски против пукање, прашина или падови затоа што тие го штитат целиот уред.
3. Не го ставајте уредот на ладно место
Во никој случај не го оставајте телефонот, на пример, во ладниот автомобил. Тоа може трајно да влијае на работата на телефонот, а особено на батеријата.
4. Користете слушалки или опцијата hands free кога разговарате
За време на разговорот мобилниот телефон оставете го во џеб во близина на топлината на телото и комуницирајте со слушалки. Попрактично е за да не ви замрзнат рацете, но и за уредот.
5. Не го носете телефонот во џеб кога скијате или се санкате
Во вакви ситуации може да дојде до пукање на екранот или дури до свиткување на некои уреди. Исто така, можете да го изгубите со снегот.
6. Наполнете ја батеријата до крај пред да излезете на ладно
На ваков начин ќе ја заштитите батеријата и нема брзо да се испразни кога е на 100%. Ако е на 40%, на пример, може уредот да се изгаси сам од себе, но кога е на 95% многу е помала веројатноста за тоа. Проверено! Носете полнач или експтерна батерија за секој случај.
7. Ако можете, користете ракавици со грејачи
Ако често мора да го користите телефонот на ладно, ви советуваме да набавите ракавици со грејачи за со топлината од ракавиците да го загреете и телефонот.