Нова картичка за телефон ќе ја испрати сегашната SIM во историјата

- Advertisement -

Идната голема промена во дизајнот на паметните телефони нема да биде видлива на прв поглед. Компанијата ARM ја разви технологијата iSIM, која конечно ќе ја испрати во историјата физичката картичка SIM.

Замената за SIM картичката е интегрирана во процесорот, поради што зазема многу помалку простор дури и од технологијата eSIM која ја користи паметниот телефон Pixel 2 на Google и часовникот Watch 3 на Apple.

Концепциски, iSIM не се разликува драстично од eSIM, но е радикално помала. Додека eSIM зазема површина во внатрешноста на телефонот од 6х5 милиметри, iSIM може да се смести на површина од 1х1 милиметар, пишува Poslovni Dnevnik. Воведувањето на оваа картичка ќе ослободи повеќе место за РАМ меморија или за поголема батерија.

Сподели!
- Advertisement -