Овој филтер од графен ја претвора гадната морска вода во вода за пиење

- Advertisement -

Австралиски научници направија технологија за биоразградливи филтри од графен со кој преку само една филтрација можат да се отстранат сите нечисти честички и сол од морската вода. Револуционерниот изум е евтин и едноставен за примена, а би можел да послужи во напорите за обезбедување чиста вода за пиење за целата популација.

Биоразградливиот филтер е направен од масло од соја и графен со кој и најгадната морска вода може да се претвори во чиста вода за пиење, пренесува New Atlas.

- Advertisement -

Австралискиот истражувачки тим наречен CSIRO открил нов начин на производство на ефективен биофилм од графен кој може да се аплицира скоро на секаков вид на површина. Биофилмот од графен дури може и да плови на површината на токсична вода и во краток рок да ја претвори во чиста морска вода. Со додаток на графен – оксид, филтрирањето ја извлекува од водата и солта и на овој начин се добива наједноставна и најевтина десалинизација и филтрација.

Тимот го именувал производот како Graphair и првите експерименти со филтрација на вода ги направиле со обични филтри на кои го поставиле Graphair, а неговите микроскопски нано канали ги блокирале отровните честички и сол, при тоа успешно пропуштајќи ги молекулите на водата.

- Advertisement -

Филтерот ја покажал својата ефективност преку филтрација на морска вода од заливот на Сиднеј кој е познат по собирање на различни врсти на отпад од моторни масла и горива до индустриски отпад и органски отпад од канализација.

- Advertisement -

„Со Graphair филтрите успеавме да одржиме високи стандарди на филтрација на водата многу поефикасно отколку со обичните филтри. Проблемот на обичните филтри е во тоа што на мембраните се собираат честички кои го забавуваат протокот на вода, а со користењето им се губи филтрациската моќ. Во текот на 72 часа филтриравме морска вода и со обични филтри, и со Graphair филтерот и видовме дека на обичните филтри ефикасноста им падна за 50% додека пак графенските филтри воопшто не изгубија ефикасност.“, изјавил Донг Хан Сео, раководител на истражувањата.

Истражувачкиот тим од следната година ќе почне да го тестира Graphair во неразвиените земји со цел да ја испита неговата целосна употреба. Целта е да се постават ваквите филтри во комуналните резервоари на вода за да може до потрошувачите да дојде вода без отпадоци, патогени, токсини и соли.

Сподели!
- Advertisement -