Во Холандија се отвори првиот супермаркет во светот без пластика

- Advertisement -

Првиот супермаркет, односно дел од супермаркет без пластика се отвори во Амстердам, Холандија. Супермаркетот е на синџирот Ekoplaza. Во овој супермаркет купувачите можат да избираат од 700 различни производи за коишто не е употребена пластика. Со тек на време компанијата се надева да воведе вакви делови без пластика на сите 74 локации, пренесува Inhabitat.

Овој супермаркет пристигнува во време кога светот е навистина загрижен за глобалното загадување со пластичен отпад и еден куп кампањи ги принудуваат компаниите да ја менуваат својата политика за употреба на пластиката.

- Advertisement -

Од Ekoplaza се горди да им понудат еколошка алтернатива на своите купувачи. „Знаеме дека нашите купувачи не сакаат производи кои се спакувани во слоеви пластика. Супермаркетите без пластика се иновативен начин да се тестираат биоразградливите материјали кои се поеколошка алтернатива од пластиката“ вели извршниот директор на Ekoplaza, Ерик Доус.

Производите кои нема да бидат спакувани во пластична амбалажа туку во биоразградливи материјали нема да бидат поскапи од регуларните. Според организаторите на кампањи против пластичниот отпад, овој супермаркет ќе биде еден вид тест за новите иновативни разградливи биоматеријали како и за традиционалните како стакло, метал или картон.

- Advertisement -

Според многумина активисти, делот од маркетите каде што се продава храна е одговорен за 40% од вкупната пластична амбалажа. Тие велат дека нема поента да се спакува храната во нешто толку неуништливо како пластиката. Според нив, изброени се деновите на пластичната амбалажа за храната и пијалаците, а уште со векови по прекинот на употребата ќе се чувствува нивното дектруктивно присуство. Овој пример на Ekoplaza треба да го следат сите други најголеми супермаркети од Европа.

Сподели!
- Advertisement -