Blade е првиот 3Д печатен хиперавтомобил во светот

- Advertisement -

Ова не е кој било суперавтомобил. Креаиран од рацете на стартапот Divergent Microfactories од Сан Франциско, шасијата на автомобилот Blade е целосно 3Д печатена.

3Д печатењето веќе го револуционизира производниот процес во светот. Печатените 3Д производи како мебел, накит, машини или автомобили се полесни, но истовремено се и трајни и квалитетни. Не само што 3Д печатењето е побрз и многу постабилен начин на производство, туку исто е и одржлив и поевтин.

- Advertisement -

Според основачот и извршен директор на Divergent, Кевин Цингер, одржливоста во автмобилската индустрија е аспект кој повеќе не може да се игнорира.

„Мора да размислиме како произведуваме затоа што кога од 2 милијарди автомобили денес ќе имаме 6 милијарди автомобили за неколку децении ќе ја уништиме планетата ако не мислиме на одржливоста“ вели Цингер.

- Advertisement -

Стартапот со години работел на дизајнот на Blade. Шасијата на автомобилот е 3Д печатена од алуминиум и тежи само околу 630 кг. Според компанијата, со 3Д печатењето се намалува тежината на шасијата за дури 90% во споредба со конвенционалните возила.

Blade има мотор од 700 коњски сили кој може да работи и на конвенционално гориво и на компресиран природен гас. Во однос на перформансите, може да забрза од 0 до 100 км на час за 2,2 секунди. Компанијата досега има произведено само неколку примероци, но се надеваат дека наскоро ќе почнат да соработуваат со бутик производители.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Divergent)

Сподели!
- Advertisement -