Иновативните проекти за мали и средни претпријатија ќе се поддржуваат со 10,6 милиони евра годишно

- Advertisement -

 Преку три јавни повика со вкупно 645 милиони денари (10,6 милиони евра Владата ќе ги поддржува иновативните и развојни проекти на микро, малите и средни претпријатија

По усвојување на Среднорочната програма на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за периодот од 2018 до 2020 година, денеска на прес конференција беа презентирани новите мерки и форми на поддршка за микро, мали и средни преторијатија. Дополнително на мерките од таканаречениот трет столб од Планот за економски раст, првпат државата по примерот на Израел, ќе ги поддржи малите и средни претпријатија со што ќе стане нивни партнер и ќе учествува во нивната сопственост до 25 проценти. За оваа намена веќе се обезбедени 50 милиони денари, а во владина постапка е релокација на уште 400 милиони денари неискористени средства со што за реализација на оваа мерка ќе бидат обезбедени вкупно 450 милиони денари.

“Тоа се т.н. еквити фондови. Кога компаниите се мали и ризични, државата детерминира средства во фондот и ќе влезе во нивниот капитал до 25 проценти од сопственоста. Државата тоа ќе го направи согласно критериуми и проценка од страна на стручен тим кој ќе ја процени идејата за развој на бизнис“, појасни вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

- Advertisement -

Тој ги повикува сите, а посебно младите, да ја препознаат оваа програма и силно да инвестираат. Да останат во нашата држава и да покажат капацитет на претприемништво, а државата ќе им биде партнер и ќе ги помогне со целиот свој капацитет.

Вредноста на првиот повик, кој ќе биде објавен овој меец, е  185 милиони денари. Доделувањето на средствата ќе оди по принцип на позитивно оценети проекти кои имаат иновативна и развојна компонента. Критериумите дополнително ќе бидат објавени. Дел од мерките за поддршка се и 30 проценти поврат на средства за изградба на хали и набавка на опрема за брзорастечките компании т.н. газели, како и покривање на 70 проценти од трошоците за развој на нов производ. Планирана е и поддршка за стручно усовршување за новработените лица.

- Advertisement -

 

Покрај сите овие мерки, обезбедени се и средства преку Програмата за конкуретност, иновации и претпремништво што ја спроведува Министреството за економија. 

Сподели!
- Advertisement -