- Advertisement -
На 15-ти овој месец истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи. Досега се поднесени вкупно 130.850 годишни даночни пријави од кои 130.092 во хартиена, а 758 електронски, пренесува МИА.
Од Управата за јавни приходи наведуваат дека се очекуваат уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата и со цел намалат метежите во даночните канцеларии особено Скопје отворени се дополнителни шалтери за прием на годишни даночни пријави во Центар, како и во Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром.
- Advertisement -
Пријавите може да се достават и преку мобилните даночни шалтери.
- Advertisement -