Фондот за иновации ќе ја одбележи Startup Europe Week 2018 на 9 март во Скопје

- Advertisement -

Startup Europe Week 2018 – Европската недела на стартапи 2018 – ќе се одбележи во Скопје на 9 март во „Јавна Соба“ преку настан во организација на Фондот за иновации и технолошки развој

На настанот ќе можат да се слушнат три мотивациски приказни на некогашни стартапџии. Тројцата говорници кои ќе ги претстават своите успешно реализирани бизнис идеи се:

– д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија одговорен за економски прашања – ќе зборува за неговиот личен пример како стартапџија на „Фероинвест“, професионалното искуство во „Брако“ и „ЕФТ Групација“.
– Сашо Мацановски-Трендо, познат на македонската јавност како сатиричен критичар на општествените навики ќе го изложи неговото искуство во однос на основањето на интернет порталот „Офф.нет“
– Наташа Пешева, ко-сопственик на „Ајс Технолоџи“, компанија која се занимава со изработка на скулптури од мраз, ќе ги запознае присутните со предизвиците со кои се соочила но и ги надминала нејзината фирма.

- Advertisement -

На настанот ќе присуствуаат Startup Macedonia, како и други претставници на стартап и бизнис заедницата.

Повеќе за настанот на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -