ОКТА бара да стане снабдувач на струја и гас

- Advertisement -

Рафинеријата ОКТА влегува и во бизнисот со струја и гас. Компанијата бара од Регулаторната комисија за енергетика да ѝ издаде лиценца за да стане снабдувач со електрична енергија, но и со гас.

Во двете одвоени барања кои Регулаторната комисија веќе ги објави стои дека ОКТА бара да добие лиценца за снабдување со електрична енергија за цела територија на државата и тоа во период од 10 години.

- Advertisement -

„Енергетската дејност снабдување со електрична енергија ќе ја вршиме преку склучување на соодветни договори за купување и за продажба на електрична енергија и договори за закупување на преносен и/или дистрибутивен капацитет“, стои во барањето од компанијата.

Слично е барањето и за лиценцата за трговија со гас, која се бара исто така за десет години и се однесува на продажба на гас во земјава и во странство.

- Advertisement -

Нафтената рафинерија е изградена во скопско Миладиновци уште во 1982 година. Од 1993 година нов сопственик на постројките стана Ел. Пет Балканике, член на грчката групација Хеленик петролеум. Во 2013 година, рафинеријата престана да произведува и остана само снабдувач со нафтени деривати во земјава.

Сподели!
- Advertisement -