Министерството за економија објави повик за субвенционирање за фирми управувани од жени

- Advertisement -

Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање на компании кои се во сопственост и управувани од жени.

Условите на конкурсот налагаат компанијата да биде над 50% во сопственост на жена и управувани од жена преку кофинансирање на 70% од трошоците, но не повеќе од 150 000 денари.

Субвенциите кои ќе ги добијат, избраните ќе можат да ги користат за набавка на опрема, уредување или подобрување на деловен простор, дизајн на производ, изработка на веб страна, дизајн на логотип, печатење итн во износ од 70% од трошоците но не повеќе од 60 000 денари.

- Advertisement -

Се предвидува субвенциите да се однесуваат на докажаните трошоци за предвидените намени кои се релизирале во 2017 и 2018 година. За оваа намена од Буџетот на РМ ќе бидат издвоени 32.500 евра (2 000 000 денари).

Целиот конкурс  на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -