Нови цени на горивата

- Advertisement -

Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и на дизелот се зголемува, а ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за половина денар и новата цена ќе биде 67,50 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар. Новата цена на дизелот ќе изнесува 58 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46,50 денари за литар.

- Advertisement -

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 65,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,253 ден/кг со што новата цена ќе изнесува 28,109 ден/кг.

Сподели!
- Advertisement -