Проекти од милијарда долари кои ќе ги трансформираат овие градови до 2035 (2)

- Advertisement -

Светот се урбанизира забрзано, а ОН предвидува дека бројот на луѓе кои живеат во градовите ќе се искачи на 6,5 милијарда до 2050 година. За да ја сместат растечката популација, градови како Париз, Њуjорк и Токио инвестираат во домови и јавни ресурси како паркови, училишта и подземни железници. Овие градови најверојатно ќе изгледаат сосема различно во децениите кои следуваат.

Ова се само дел од урбаните проекти вредни милијарди долари кои ќе ги трансформираат овие градови. Иако за некои не е откриена точната вредност, не е тешко да се претпостави дека станува збор за сума во милијарди. Минатиот пат ви претставивме шест од овие градови, а овде ќе прочитате и за останатите пет.

- Advertisement -

1. Newhall Ranch во Лос Анџелес, САД

Проектот предвидува нови 21 500 места за живеење во областа на Лос Анџелес до 2035 година. Живеалиштата ќе бидат од повеќе типови како куќи за една фамилија, станови и апартмани, 10% од нив (околу 2 000 живеалишта) со пониска цена од просечната цена на недвижнини.

- Advertisement -

Комплексот првично бил предложен уште во 1994 година но не можел да биде спроведен бидејќи еколошките активисти верувале дека проектот ќе го поремети локалниот екосистем. Ќе започне да функционира прво со две соседства со 5 500 домови и центар за продажба меѓу нив, а при тоа ќе бидат заштитени околу 40 000 километри квадратни зелени површини.

- Advertisement -

2. The City’s New Master Plan во Сао Паоло, Бразил

Новиот градски план беше презентиран во Сао Паоло во 2014 година и е наменет за драстично да го промени градскиот изглед. Планот предвидува градба ориентирана кон народот, вклучувајќи нови живеалишта, велосипедски патеки, патеки за јавен превоз и намалување на паркинг места.

Градот моментално се соочува со недостаток на живеалишта и тоа околу 500 000. Се претпоставува дека 1,2 милиони луѓе во Сао Паоло живеат во т.н. фавели или градби од цемент и железо или во напуштени згради во центарот.

Новиот комплекс ќе донесе 717 000 нови живеалишта до 2030 година од кои 240 000 ќе се продаваат по достапни цени. Изграден е и центар на четири ката во кој постои музички центар, игралиште, урбана фарма, тераси и сала за настапи.

3. Shibuya Station Area Redevelopment во Токио, Јапонија 

Токио се подготвува за летните Олимписки игри во 2020 година поради што градот покрена низа градежни објекти. Ќе „никнат“ 45 нови облакодери низ градот до тогаш, а 7 од нив се дел од проектот кој ја опфаќа станицата Шибуја.

Шест од облакодерите од овој проект ќе бидат наменети за деловни и продажни простори, а еден ќе биде зграда со апартмани на 32 ката. Комплексот ќе има и долго шеталиште со нови продавници и зеленило до 2018 година.  Целиот проект треба да заврши во 2027 година.

4. The Battersea Power Station Development во Лондон, Англија 

Проектот вклучува реновација на енергетската станица Батерси која се наоѓа во центарот на поголем градежен проект во лондонскиот кварт Најн Елмс.

Комплексот ќе вклучува и нови комерцијални и резиденцијални делови со апартмани, хотели и канцеларии. Изградбата е предвидена да се одвива во седум фази од кои првата започна во 2014, а последната ќе заврши во 2025 година.

Проектот е најголемиот градежен зафат во Лондон во последниве триесет години. Меѓу другото, во комплексот со свои канцеларии ќе се всели и Apple во 2021 година. Компанијата ќе преземе 40% од канцеларискиот простор на комплексот.

5. Castellana Norte Redevelopment во Мадрид, Шпанија

Во август минатата година, градот Мадрид го одобри овој милијардерски проект за реизградба на северен дел од градот.

Моментално овој дел е дом на општинската автобуска станица, неколку куќи и низа на напуштени индустриски згради и складишта. Реизградбата ќе го претвори овој дел од градот во соседство со облакодери, паркови, патишта, мостови и апартмани за околу 17 000 луѓе. Комплексот се очекува да биде финализиран до 2035 година.

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -