Lacoste го замени логото крокодил со загрозени видови на животни

- Advertisement -

Францускиот моден бренд Lacoste, во колекцијата на поло маици која беше претставена во средата, го замени логото со крокодил,за првпат во својата историја со десет од најзагрозените видови на животни на планетата.

Зелениот крокодил – едно од десетте најпрепознатливите логоа во светот – е заменето со тигарот од Суматра, носорогот Џаван, гибонот Цао Вит и многу други кои сега стојат на познатите бели поло маици во лимитирано издание за хуманитарниот настан на фондацијата Save Our Species.

- Advertisement -

Најголемиот дел од овие поло маици биле распродадени во првите часови откако почнала продажбата, секоја по цена од 150 евра. Бројот на секоја од категориите на маици е еднаков со бројот на секој загрозен вид кој моментално го има на планетата – 30 маици со логото на вакита китот, 231 маица со логото на калифорнискиот кондор итн.

Дизајнерот Фелипе Оливеира Баптиста исто така ги искористил логоата со загрозените видови на животни за десет модели од најновата колекција есен/зима на Lacoste.

- Advertisement -

„Мислам дека постапуваме правилно бидејќи избираме да направиме нешто за доброто на овие животни.“, изјавил тој.

Логото со крокодилот е сепак ставено на задниот дел на 1 775 поло маици од колекцијата. Португалскиот дизајнер додал дека иако решиле сепак да го вметнат и ова лого кое инаку датира од 1933 година, идејата е сепак оригинална.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -