Трето издание на Womenpreneurs Stories на 13 март со Џес Бејли!

- Advertisement -

Приказни за жени претприемачи е иницијатива која има за цел да ги  слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот. После неполн месец откако се одржа второто издание на Womenpreneurs Stories, закажано е и третото издание кое ќе се одржи на 13 март 2017 година на иста локација, во Јавна соба.

Сакате да научите како да го валидирате и финансирате вашиот бизнис / идеја преку Crowdfunding од експерт со 80% успех во 58 кампањи во целиот свет? Токму на оваа тема на настанот ќе зборува Џес Бејли.

- Advertisement -

Оваа воведна работилница накратко ќе ги опфати 6-те клучни фактори кои ја прават кампањата за јавно финансирање успешна како планирање, градење заедница, storytelling – раскажување приказни, совршената страница на проектот, комуницирање на кампањата и следење.

Примери за успешно имплементирани кампањи за јавно финансирање ќе бидат дадени во текот на работилницата. На ова издание на Womenpreneurs Stories, покрај приказната на Џес Бејли и работилницата за Crowdfunding, ќе биде претставена и првата македонска платформа од ваков тип: letsfundit.mk и ќе имате можност да дознаете за успешно имплементирана кампања во Македонија.

- Advertisement -

По завршувањето на настанот ќе ги познавате и разбирате основните принципи на Crowdfunding и како да креирате и имплементирате успешна кампања за вашата бизнис идеја. Останатите говорници ќе бидат најавени наскоро.

Картата за учество изнесува 300 денари и може да се набави онлајн преку платформата Grouper на следниов линк.

- Advertisement -

За повеќе информации, следете на Фејсбук настанот на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -