Американците инвестираат 50 милиони долари во компјутер кој нема да може да се хакира

- Advertisement -

Сајбер војните се нешто со што многу пчесто ќе се соочуваме во иднина, но за тие борби треба да се подготвуваме уште сега. Земјите-членки на ЕУ веќе меѓусебно соработуваат на изработка на план за сајбер одбрана во случај на таков напад. Но, Американците тргнаа во нешто поинакво правец – инвестираат дури 50 милиони долари за да ја подобрат својата сајбер безбедност и да развијат компјутер кој нема да може да се хакира.

Од  Американската агенција за нови одбранбени технологии DARPA сметаат дека софтверските и хардверските пропусти, кои најчесто се одговорни за ширење на хакерските напади и кои сајбер војниците најчесто ги искористуваат, не може да се решат само со софтвер. Затоа, научниците од Универзитетот Мичиген развиваат безбедносен систем кој би требало да биде вграден во самиот хардвер од компјутерот, а го опишуваат како „Рубикова коцка која постојано се менува“.

- Advertisement -

Идејата е да се создаде хардверска компонента која во правилни или неправилни шеми ќе ги преместува податоците по компјутерот и ќе ги уништува претходните верзии по настанувањето на новите. На тој начин не само што ќе се преместуваат документите туку и лозинките кои се внесени на компјутерот, но и евентуалните безбедносни пропусти. Тоа на хакерите ќе им го отежни упадот во компјутерот.

Доколку успеат да го развијат Morpheus, со него би се решиле какви било идни безбедносни пропусти во компјутерките системи затоа што би ги направил неупотребливи. Секако, Morpheus би им дал и еден вид предност на Американците над останатите држави.

Сподели!
- Advertisement -