Додека на Земјата уште постојат места каде што нема сигнал или мобилна мрежа, за некоја година отсега тоа нема да биде случај на Месечината. Имено, како што најавија на Mobile World Congress, во Барселона, идната година токму на Месечината ќе биде воспоставена мобилна мрежа.
Тоа не значи дека вонземјаните конечно ќе можат да се јават дома, туку таквата мрежа ќе овозможи испраќање на фотографии и видеа со висока дефиниција на Земјата. Екипата која се одлучи на овој подвиг се состои од компаниите Vodafone, Nokiа i Audi.
Имено, Vodafone од Nokiа нарача да се развие вселенска мобилна мрежа, а компонентите на истата нема да бидат потешки од кеса шеќер. Ќе се базира на 4G технологијата, која веќе е тестирана на Земјата, иако се размислува и за користење на новата 5G технологија. Компаниите се одлучни мрежата на Месечината да ја лансираат во 2019 година и тоа на ракетата Falcon 9 на SpaceX.