Најголемата нискобуџетна компанија во централна и источна Европа и еден од авиопревозниците со најголема стапка на раст во Европа, Wizz Air, го стартува вториот меѓународен натпревар за млади WIZZ Youth Challenge. Натпреварот е за студенти од цела Европа кои треба да смислат иновативни и необични идеи за идниот раст на Wizz Air, компанија која минатата година превезе неверојатни 28 милиони патници.
Доколку ја изберат вашата идеја, ќе ве повикаат во Будимпешта за во живо да ја претставите идејата пред тимот на WIZZ, експерти од секторот авијација кои бараат нови таленти. Доколку тогаш го убедите жирито и да ја освоите првата награда, имате шанса да патувате цела една година низ мрежата на WIZZ – 145 дестинации во 44 земји.
На натпреварот можат да учестуваат тимови од мининум двајца и максимум четворица студенти со креативен дух и професионална посветеност на предизвикот. Сите студенти кои се на додипломски или последипломски студии во земји од мрежата на WIZZ можат да учестуваат на натпреварот.
Се што треба да направите е да се регистрирате до 25 март со пополнување на апликација и да испратите пополнет формулар по пошта. Потоа ќе ги добиете деталите за предизвикот на студии на случај на 26 март и ќе треба да го поднесете одговорот до 16 април 2018 година. Тим на WIZZ ќе процени кои се најдобрите тимови кои ќе учествуваат на настанот во живо во Будимпешта на 9 и 10 мај годинава.
Повеќе информации за натпреварот и за како да учествувате можете да дознаете на следниот линк https://www.wizzyouthchallenge.com/.