Под мотото „Садиме љубов“, волонтерска акција на жените во Пивара Скопје за децата од СОС Детско Село

- Advertisement -

И оваа година, жените вработени во Пивара Скопје, на автентичен начин, со волонтерска акција, го одбележаа 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Во рамките на оваа акција, која се одржа под мотото „Садиме љубов“, жени од сите работни позиции во Пивара Скопје, се дружеа со децата од СОС Детско Село и заедно засадија цвеќе и други декоративни растенија со што придонесоа за разубавување на амбиентот и околината на комплексот. Целокупниот материјал за акцијата: расад, саксии, земја и декоративни растенија ги обезбеди Пивара Скопје.

- Advertisement -

„Горди сме на вредностите кои Пивара Скопје ги негува како компанија, а особено на нашите колешки кои  преку оваа акција уште еднаш дадоа пример за улогата на жената во современото општество. Јакнењето на позицијата на жената во целото општество претставува една од стратешките определби на Пивара Скопје, која ние постојано ја негуваме, охрабрувајќи ги и поддржувајќи ги сите жени вработени во нашата компанија да ги остварат сите свои професионални амбиции. Среќата која ја предизвикавме кај децата од СОС Детско Село со оваа волонтерска акција, дополнително нѐ мотивира како компанија, но и како поединци, да продолжиме да одвојуваме средства, труд и време во реализација на уште поголем број вакви акции и општествено одговорни проекти кои се значајни за заедницата на која припаѓаме“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

На сличен начин, жените вработени во Пивара Скопје го одбележаа меѓународниот ден на жената и минатата година, кога преку дружење со децата во креативниот центар на СОС Детското Село, им помогнаа да ги изработат осмомартовските честитки за сите СОС мајки.

- Advertisement -

„Среќни сме што и оваа година го прославуваме овој убав ден заедно со волонтерките од Пивара Скопје, со што овие дружења стануваат традиција. Оваа година заеднички разубавивме дел од нашиот простор и повторно предизвикавме насмевки и радост кај децата. И со оваа волонтерска акција, Пивара Скопје и нејзините вработени уште еднаш на дело ја покажаа нивната искрена поддршка и долгорочно партнерство со нашата организација, на што сите ние сме им особено благодарни”, изјави националниот директор на СОС Детско Село Македонија, Јулијана Гапо.

- Advertisement -

СОС Детско Село е меѓународна граѓанска организација за заштита и примена на детските права, која во своето дејствување става посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици. Организацијата во Македонија е основана во 2002 година, а во нејзини рамки функционираат: СОС Детско Село, СОС Младинска Заедница и СОС Програма за полунезависно живеење.

Како дел од глобалните системи на Coca-Cola и HEINEKEN, Пивара Скопје веќе 94 години, покрај лидерството на пазарот во земјата, одвојува значајно време и ресурси во реализација на голем број проекти и волонтерски активности за поддршка на заедницата во повеќе области, како што се: здравјето и безбедноста, активниот животен стил, умерената и одговорна консумација на алкохол, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, јакнењето на местото на жената во општеството, како и стекнување знаења и вештини кај младите со кои тие полесно ќе ги надминат бариерите при вработувањето или ќе отворат свој бизнис.

Сподели!
- Advertisement -