Мате Римац го претстави новиот суперавтомобил

- Advertisement -

Штотуку е претставен новиот Rimac C_Two, вториот модел на компанијата, кој нема никакви исти делови со моделот Concept One, а нуди вкупна снага од дури 1.914 коњски сили и вретежен момент од 2.300 Nm, кој го даваат четири електромотори.

Тоа е доволно за забрзување од 0 до 96 км/ч за 1,85 секунди, односно од 0 до 100 км/ч за 1,97 секунди и максимална брзина од 412 км/ч со специјално дизајнирани Pirelli гуми. Покрај многубројните сензори по целиот автомобил, вградени се и 8 камери. Rimac C_Two нуди и батерија, која би требало да биде достапна за околу 100 долари. Времето на полнење на батеријата е 30 минути до 80%.

- Advertisement -

Rimac C_Two има каросерија долга 4.750 мм висок е 1.208 мм, а широк 1.986 мм. Тоа најмногу ќе ги израдува патниците затоа што сега возењето ќе биде многу поудобно во попростран ентериер. Не треба да ја заборавиме ни почетната цена на Rimac C_Two од 1.700.000 евра, а сите 150 примероци ќе се произведуваат исклучиво во Хрватска.

Сподели!
- Advertisement -