Општина Аеродром доби гео-информациски систем

- Advertisement -

Општина Аеродром ја пушти во употреба веб – апликацијата на Географскиот информациски систем (ГИС), што ги опфаќа сите важечки планови за територијата на општината. Станува збор за почетна верзија на овој систем, кој според најавите, во континуитет ќе се надградува.

Преку овој систем, информираат од локалната самоуправа, секој може бесплатно да изврши увид врз тоа како е испланиран просторот и каде се наоѓа неговиот дом, односно станбена зграда, куќа, деловен простор.

- Advertisement -

– Апликацијата е поврзана директно со Агенцијата за катастар на недвижности и овозможува пристап до информации, како што се број на катастарска парцела и објекти. Меѓу другото, ГИС нуди информации и за сообраќајниците, трговските центри и сите поважни објекти, велат од општина Аеродром.

Граѓаните, додаваат, во секое време, преку едноставно кликнување на банерот кој е поставен на веб – страницата на општина Аеродром (http://88.85.97.30/), можат да добијат различни податоци за просторот уреден со планска документација.

Сподели!
- Advertisement -