Утре ќе се одбележи Startup Europe Week 2018 со настан во Јавна соба

- Advertisement -

Startup Europe Week 2018 – Европската недела на стартапи 2018 – ќе се одбележи во Скопје на 9 мартво „Јавна Соба“ преку настан во организација на Фондот за иновации и технолошки развој.

На настанот ќе можат да се слушнат три мотивациски приказни на некогашни стартапџии. Тројцата говорници кои ќе ги претстават своите успешно реализирани бизнис идеи се:

– д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија одговорен за економски прашања – ќе зборува за неговиот личен пример како стартапџија на „Фероинвест“, професионалното искуство во „Брако“ и „ЕФТ Групација“.
– Сашо Мацановски-Трендо, познат на македонската јавност како сатиричен критичар на општествените навики ќе го изложи неговото искуство во однос на основањето на интернет порталот „Офф.нет“
– Наташа Пешева, ко-сопственик на „Ајс Технолоџи“, компанија која се занимава со изработка на скулптури од мраз, ќе ги запознае присутните со предизвиците со кои се соочила но и ги надминала нејзината фирма.

- Advertisement -

На настанот ќе присуствуаат Startup Macedonia, како и други претставници на стартап и бизнис заедницата.

Агендата на настанот е следна:

- Advertisement -

15:30 – 16:00 регистрација
16:00 – 16:05 воведно обраќање на Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој
16:05 – 16:25 презентација на д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија одговорен за економски прашања
16:25 – 16:40 прашања и одговори
16:40 – 17:00 презентација на Наташа Пешева, ко-сопственик на „Ајс Технолоџи“
17:00 – 17:15 прашања и одговори
17:15 – 17:35 презентација на Сашо Мацановски – Трендо, основач на интернет портал „Офф.нет“
17:35 – 17:50 прашања и одговори
17:50 – 18:00 отворена дискусија
18:00 коктел

Во духот на регионалните поврзувања, оваа година Startup Europe Week 2018 ќе започне со заеднички свечен настан меѓу два локални екосистеми во Виторија (Алава), Шпанија, и во Брашов, Романија. Регионалната разноликост и локалните политики играат голема улога во основањето на стартап компании во различни делови на Европа, токму затоа Startup Europe Week 2018 е посветена на вклучување на сите региони во иницијативата во насока на подигање на свеста за претприемништвото и создавање подобри услови за вмрежување. На овој настан локалните компании се повикуваат отворено да разговараат за нивната непосредна средина, предизвиците и проблемите со коишто се соочуваат и на тој начин стануваат дел од европскиот дијалог на новоосновани бизниси.

- Advertisement -

Повеќе за настанот на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -