Шкотската пиварница BrewDog направи пиво наменето само за жени

- Advertisement -

Шкотската компанија BrewDog го лансираше пивото Pink IPA за жени. Пивото е нова верзија на пивото Punk IPA како начин сатирично да се фрли внимание на проблемот со половата нееднаквост на платите во Обединетото Кралство. Од пиварницата тврдат дека кампањата за пивото е наменета да биде сатирична. Розовото пиво жените ќе можат да го купат по многу пониска цена отколку мажите.

Според страницата на компанијата, тие секогаш верувале дека пивото е пијалак за секого, а еднаквоста е едно од основните човечки права. Како одговор на разликата од 20% меѓу платите на мажите и жените во земјата тие го направија ова пиво, пишува The Independent.

- Advertisement -

„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената ние го лансираме Pink IPA, пиво за жени, пиво за еднаквост“ се вели на страницата на пиварницата. Кампањата за пивото има за цел да претставува пародија на кампањите на многу брендови кои се обидуваат да ги привлечат жените.

Сподели!
- Advertisement -