Со анализата на “APK” фајлот на Инстаграм за Андроид, откриено е дека во кодот има сокриен “Potrait Mode” за камерата
“APK” фајлот содржел икона за “Potrait Mode” на камерата кој ќе биде вметнат во апликацијата наскоро и ќе им се придружи на останатите „модови“ како што се на пример “Boomerang” и “Superzoom”.
“APK” фајлот го содржел целиот код на апликацијата, вклучувајќи ги новите делови поврзани со новите можности кои што активно се развиваат, но се уште не се активирани.
“Potrait Mode” на Инстаграм би требало да им овозможи на корисниците да се прават фотографии со заматена позадина, односно да се овозможи правење на таканаречениот “Bokeh” ефект со различни опции на осветлување. За да се активира модот, корисникот најверојатно ќе треба да ја стартува камерата во апликацијата и да го избере соодветниот мод.
Телефоните како што се iPhone X и Google Pixel 2 веќе имаат “Potrait Mode”, па така со овој потег на Инстаграм, и на останатите корисници ќе им биде овозможено да прават такви фотографии.
Според аналитичарите, доколку Инстаграм навистина го активира овој мод, дефинитивно ќе стане поатрактивна апликација од “Snapchat”, посебно кај оние корисници кои што најмногу ги интересираат добрите фотографии.
Засега нема информации кога корисниците на Инстаграм ќе ја добијат оваа можност.