Евростат: Жените во ЕУ се 16% послабо платени од мажите

- Advertisement -

Жените во Европската Унија во 2016 година, во просек, биле за 16,2% послабо платени од мажите, што значи дека во просек заработиле 84 евроценти од секое евро кое го заработил маж, објави Евростат.

Меѓу земјите-членки во 2016 година разликите во платите се движеле во опсег од само 5% во Романија и Италија до над 25% во Естонија, следена од Чешка и Германија со разлика во плати од речиси 22%, покажува извештајот на Евростат, објавен по повод Меѓународниот ден на жената.

- Advertisement -

Од 2011 до 2016 година во цела ЕУ, во просек, разликите во платите се малку намалени и тоа за 0,6 процентни поени, покажува извештајот.

Сподели!
- Advertisement -