Се одржа конференција за „паметни градови“

- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски рече дека за да функционираат паметните градови државата мора да инвестира заедно со локалната самоуправа и приватниот сектор за да се обезбеди основна инфраструктура

„Градоначалниците ќе треба да сфатат дека технологијата сама по себе нема да го направи градот попаметен. Градењето паметни градови бара политичко разбирање за технологијата, разбирање за процесите кои се зад таа технологија и желба за обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини услуги на граѓаните. Градоначалниците многу брзо ќе се соочаат со огромни предизвици за да обезбедат најосновни сервиси на граѓаните, како на пример вода“, рече Манчевски.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада информира дека Швајцарија одлучила финансиски да поддржи развој на концепт за „Смарт Охрид“ и да им помогне на општината и на граѓаните да управуваат со транспортот околу Охридското Езеро на одржлив начин.

- Advertisement -

„Посебните вредности на Охридското Езеро и неговиот статус на УНЕСКО подрачје, бараат особено внимание и сите вклучени чинители мораат да ги земат предвид прашањата поврзани со заштита на езерото и неговата средина на најсериозен начин. Ја поддржуваме подготовката на физибилити студија која ќе понуди поинакво гледиште и паметни решенија за предизвиците поврзани со транспортот во охридскиот регион. Станува збор за иновативен пристап кој е применет како методологија првпат во Македонија.“, рече амбасадорката Тејада.

- Advertisement -

Таа истакна дека импелементацијата на паметниот концепт ќе биде главниот предизвик за властите, на централно и на локално ниво, за граѓаните и за туристите.

Извршната директорка на „Еко-свест“ Ана Чоловиќ Лешоска изјави дека подготвиле информативна брошура за паметни градови за да дадат практични примери за тоа што се значи и каде може да се употреби овој концепт.

- Advertisement -

Светската урбана популација е во постојан пораст и се очекува до 2050 година 70 отсто од светската популација да живее во урбани средини.

Сподели!
- Advertisement -