-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Норвешка ќе потроши 13 милиони долари за сеф со семиња во случај на катастрофа на Земјата

Kabtel desktop

Норвешка ќе потроши околу 13 милиони долари за да го дополни сефот со семиња кој го изгради пред 10 години во случај Земјата да ја погоди некоја катастрофа. Сефот Svalbard Global Seed беше изграден во напуштен арктички рудник за јаглен за да чува семиња и растенија од целиот свет во случај да има глобална природна катастрофа или катастрофа предизвикана од човекот. Доколку се слулчи нуклеарна катастрофа или глобалното затоплување уништи некои растителни видови, владите ќе можат да побараат семиња од сефот за да ги обноват земјоделските индустрии.

Норвешката влада вели дека во надградбата на сефот ќе биде вклучен нов бетонски тунел и зграда каде што ќе има единици за струја и ладење во итни случаи, како и друга електрична опрема која ќе емитува топлина низ тунелот. Норвешкиот министер за земјоделство, Јон Георг Дејл, вели дека зградата ќе почне со работа наскоро затоа што за глобалната безбедност на храната многу е битно да се зачува генетскиот материјал.

Сефот се наоѓа на оддалечен остров во архипелагот Свалбард меѓу Норвешка и Северниот пол и има капацитет во него да се складираат 4,5 милиони врсти семиња. Моментално во него има повеќе од 890.000 примероци од речиси секоја земја во светот, вклучувајќи и семиња од пченка, ориз, пченица, овес и компири.

Прв пат беа искористени семињата од овој сеф во 2015 година со цел да се креираат банки за семиња в Мароко и во Либан откако централната банка за семиња во Сирија беше уништена во текот на граѓанската војна во земјата. Потоа семињата беа заменети со нови во 2017 година.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!