Со помош на јапонската техника Kakeibo можете да заштедите една третина од платата

- Advertisement -

Постои една јапонска техника стара сто години која може да ви помогне во водењето сметка за трошоците и заштедата, а се вика Kakeibo. Како што пренесува Poslovni Dnevnik, според оваа техника, на почетокот на месецот треба да ги запишете фиксните приходи и трошоци, а разликата ќе ви покаже колку точно можете да потрошите во претстојниот месец. Вториот чекор е да процените колку сакате да потрошите тој месец. Тој износ ставете го настрана и потрудете се да не го чепкате ако навистина не е неопходно.

Во текот на месецот бележете ги трошоците во четири категории подредени по важност:

- Advertisement -

1. Преживување – сметки, храна, деца, кирија…
2. Незадолжителни работи – нова облека, ресторани, нов мобилен телефон или лаптоп…
3. Култура – кино, театар, весници, книги…
4. Посебни трошоци – роденденски подароци, неочекувани поправки…

На крајот на месецот споредете го почетниот износ и потрошените пари – тоа ја прикажува разликата колку сте заштедиле тој месец. Како што тврдат, оваа техника може да доведе до заштеда од дури 35% од месечните примања.

Сподели!
- Advertisement -