Триглав советува: Како безбедно да го распоредите багажникот во Вашиот автомобил!

- Advertisement -

Семејствата кои патуваат со автомобил, пред да се препуштат на магијата на одморот се соочуваат со предизвикот на распоредување багаж во багажникот. Еден од проблемите што најчесто се јавуваат е големиот багаж, особено ако имате мали деца, и недоволниот простор во багажникот. Проверете како правилно да го организирате багажот во багажникот, како за време на возењето не би биле изложени на опасни ситуации.

Поголемите и потешки предмети секогаш одат на дното во багажникот, а полесните се на површина

Димензиите на автомобилите се зголемуваат од генерација до генерација, а со тоа се зголемува и просторот за багаж. Ако редењето багаж не е направено со внимание и не се следат основните правила, безбедноста на патниците може да биде загрозена. Правилата се едноставни. Најголемите и најтешките парчиња багаж одат на дното, помалите и полесните предмети се поставуваат на врвот во багаж-просторот. Ако во вашиот автомобил има дополнителни делови за сместување, како што се мрежи, куки или прегради, искористете ги. Доколку имате премногу багаж и мора да се отстрани заштитната преграда, осигурете се дека багажот нема да ја надминува максималната висина, и секако со мрежа преградете го делот каде што седат патниците со оној каде што се наоѓа багажот. При нагло сопирање дури и лесните предмети може да бидат опасни за патниците. На пример, пакет од шест големи шишиња вода, за време на судар може да достигне ефект на тежина до 700 кг.

Прекумерно натоварено возило се движи различно.

Не заборавајте, премногу товар во возилото значи механички оптоварено возило. Оптоварување на возилото повеќе од неговата граница на носивост може да направи значајна разлика за време на судир, бидејќи времето за сопирање е значително подолго. Обрнете внимание и од аспект на енергетската ефикасност. Ако условите дозволуваат, сместете го целиот багаж во внатрешниот багажник.

- Advertisement -

Возењето на натоварен автомобил мора да биде смирено и без ненадејни потези, затоа што динамичните способности и возните карактеристики на автомобилот се нарушени. Избегнувајте и качување на тротоар или возење по лоши патишта.
Ви посакуваме безбедни возачки денови!

Сподели!
- Advertisement -