Pepsi лансираше нов производ во шишиња за повеќекратна употреба

- Advertisement -

Се враќаат во мода пијалоците на растворање 

Индустријата за газирани пијалаци се соочува со проблеми и продажбата на недиеталните газирани производи падна за 25% во последните 20 години. Како одговор на тоа PepsiCo се обидува со нешто ново: проиводот наречен Drinkfinity во реупотребливи шишиња без штетна пластика. Пијалакот се добива така што содржината од кесичката за Drinkfinity ќе се раствори во вода. Освен тоа, од компанијата велат дека овие пијалаци содржат значително помалку шеќер.

PepsiCo за прв пат го претстави Drinkfinity во 2014 година во Бразил, а сега производот го лансираат и во САД. Луѓето можат да избираат од вкусови како манго и чиа или бозел. Од компанијата тврдат дека не користат вештачки засладувачи и вкусови. Производот има за цел не само да хидрира туку да биде една врска меѓу велнесот и различноста и да креира баланс меѓу луѓето и планетата, пренесува Inhabitat.

- Advertisement -

Што се однесува на пластичните садови каде што се пакува прашокот за растворање, PepsiCo за нив користи 65% помалку пластика отколку за едно шише од половина литар. Кога некој ќе купи Drinkfinity може да избере да му се испрати плик со платена поштарина за да ги врати амабалажите за рециклирање затоа што содржат материјали кои вообичаено не се рециклираат заедно и нема да може да се рециклираат на друго место.

Едно шише за Drinkfinity чини 20 долари. Пакувањата со вкусови се купуваат по 4 и чинат од 5 до 6,5 долари.

Сподели!
- Advertisement -