7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Кина направи иновативен оџак за чистење на смогот вреден 2 милиони долари

Kabtel desktop

Секој ден во Кина умираат околу 4.000 луѓе од загадувањето. Ова е особено изразено во урбаните области како Пекинг, на пример. За среќа, има повеќе иновации кои имаат за цел чистење на смогот од воздухот. Кинеската влада исто така се вклучува и во градот Џиан тестираат прототип на оџаци кои го извлекуваат смогот од воздухот, пишува Green Matters.

Според истражување на Berkeley Earth, речиси 38% од Кинезите дишат воздух кој не би бил прифатлив во САД. Истражувачите мереле резултати на секој час на 1.5000 размични мерни станици на копнениот дел на Кина и околината. Најголем проблем се честичките кои се помали од 2,5 микрометри во дијаметар (PM2.5). Доколку честичките се помали од 10 микрометри, станува збор за прав кој може да се вдиши во белите дробови и да предизвика здравствени проблеми. Загадувањето најлошо влијае на децата, постарите луѓе и луѓето кои имаат срцеви или белодробни заболувања. Дури и кај здравите луѓе лошиот квалитет на воздухот може да предизвика намалена функција на белите дробови и срцев удар.

Два милиони долари се инвестирани во нов систем за филтрација, кој треба да биде решение за проблемот со загадувањето на поголема површина. Станува збор за прототип на оџак висок речиси 60 метри кој се поставува на отворена структура со стаклен покрив. Соларната радијација го загрева воздухот и тој се подигнува и поминува низ индустриски филтри низ оџакот.

Бидејќи загадувањето на воздухот е најлошо на зима, првиот прототип го тестираа во првите две недели од јануари. Научниците измериле дека дневно низ оџакот поминувале 8 милиони кубни метри воздух, а се забележало и намалување на концентрацијата на PM2.5 честички за 19%. За оџакот да работи цело време ќе бидат потребни 30.000 долари годишно. Планирано е да се постават уште поголеми оџаци во Џиан, Гуангжу, Хебеи и во Хенан.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!